Изразувам длабоко жалење што Европскиот совет не успеа да постигне консензус за остварување на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Го сметам тоа за голема грешка, погрешна порака“, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, a пренесе Макфакс.
Таа вчера се состана со нејзиниот албански колега, Илир Мета, јавува агенцијата „Анадолија“.
Китаровиќ, на средбата истакна дека двете земји го заслужиле датумот, како со реформите на внатрешен план, така и со решавањето на билатералните прашања.
„Хрватска во текот на своето претседавање ќе стори сѐ што е во наша моќ за да го аргументираме членството, како на Албанија, така и на Северна Македонија, односно почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, порача Колинда Грабар-Китаровиќ
Илир Мета порача дека ја цени заложбата на Хрватска, но и на Бугарија и Грција, по прашањето отворање на преговори со ЕУ.