ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија

за ова зголемување на капитацискиот бод се обезбедени 465 милиони денари од Буџетот, пари на граѓаните кои сега се враќаат кај нив како поддршка на работата на матичните лекари за помотивирани здравствени услуги и појасни дека станува збор за 18 проценти зголемување на капитацијата

October 30, 2019 20:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За осум денари се зголемува вредноста на капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, беше истакнато на прес-конференција во Владата на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, пренесе МИА.

Заев рече дека за ова зголемување на капитацискиот бод се обезбедени 465 милиони денари од Буџетот, пари на граѓаните кои сега се враќаат кај нив како поддршка на работата на матичните лекари за помотивирани здравствени услуги и појасни дека станува збор за 18 проценти зголемување на капитацијата.

Тој посочи дека го зголемуваат и надоместокот за приватните специјалисти кои имаат договор со Фондот и од сега натаму, надоместокот на приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно или приближно 15 проценти зголемување.

– Висината на надоместокот на приватните специјалисти ортодонти од 97.000 денари се зголемува на 111.000 денари месечно или приближно 15 проценти. Тоа значи дека тие ќе имаат можност на граѓаните да им понудат поширок спектар услуги и да го зголемат бројот на пациенти кои имаат потреба од овој тип здравствени интервенции. Има зголемување на надоместокот за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот кое изнесува 15 проценти. За овие зголемувања за специјалистичко – консултативната здравствена заштита за приватните здравствени установи се обезбедени 62,5 милиони денари, рече Заев.

Целта на реформите во примарната здравствена заштита за 2020 година, потенцира, е да се воведе модел на на нејзино плаќање, кој ќе придонесе кон обезбедување сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво, како и да се подобри квалитетот на примарната здравствена грижа.

Според премиерот, оваа стимулација со повисока вредност на капитацијата ќе мотивира поголем број лекари од општа пракса да специјализираат семејна медицина, а прошитувањето на поголем број услуги од страна на медицинските сестри очекуваме да поттикне вработување на трет член или четврти член во тимовите на матичните лекари.

Во врска со укинувањето на квотите за лекови од 1 октомври, рече дека овој месец граѓаните можеа да се уверат, има достапни лекови во текот на целиот месец.

– Со овие, како и со сите други мерки што ќе следуваат Владата останува посветена на изградба на достапен, квалитетен и долгорочно-финансиски одржлив систем на здравствена заштита со посебна грижа за достоинствена здравствена професија со граѓаните во центарот на здравствениот систем, додаде Заев.

Во врска со зголемувањето на капитацискиот бод, министерот Филипче рече дека станува збор за мерка во рамките на реформата, која не значи само зголемување на сумата на средства која лекарите ја земаат, туку поголем број услуги како и превентивни мерки кои ќе ги почувствуваат пациентите, како и мерки кои ќе го олеснат водењето на хроничните болести за кои во добар дел пациентите досега беа упатувани во болниците.

– Ќе има точно одредени дијагностички сродни групи врз основа на кои матичните лекари ќе бидат обврзани да повикаат пациенти согласно ризик факторите и возраста со цел да направат прегледи и рано да се откријат болести кои потоа многу успешно ќе можат да се лекуваат. Матичните лекари за прегледите ќе направат електронски запис. Ќе им биде дозволено на матичните лекари да препишуваат терапија за која досега пациентите беа упатувани во болниците и беа барани соодветни печати и напатствија од специјалисти. Продолжуваме со зголемувањето на платите на лекарите со цел да се постигне нашето ветување од 100.000 денари за лекар специјалист, додаде Филипче.

Директорот на Фондот, Дончев во врска со зголемувањето на капитацискиот бод рече дека целта е подобрување на техничките капацитети на матичните лекари во примарното здравство и нивна поголема ефикасност, а осигурениците ќе добијат квалитетна здравствена услуга уште во ординацијата, со што ќе се намали потребата за натамошно упатување. Посочи дека со тоа ќе се растоварат лекарите и здравствениот систем на секундарно и терциерно ниво, се поттикнува превентивата во примарната здравствена заштита, се олеснува и административната работа во примарната здравствена установа…

– Фондот донесе одлука од 1 ноември да се зголеми и надоместокот за аптеките со кои имаат склучено договор за издавање лекови на рецепт на товар на Фондот од 16 проценти на 18 проценти додека надоместокот за скапите лекови ќе изнесува 180 денари по рецепт. Оваа мерка комбинирана со неодамнешното укинување на квотите на аптеките ќе придонесат за уште поефикасно, квалитетно и непрекинато издавање лекови на рецепт кои се на товар на Фондот, додаде Дончев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk