ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

September 27, 2025 15:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се во тек интензивни разговори со земјите од Блискиот Исток за да се најде решение за конфликтот во Појасот Газа.

– Интензивните разговори траат веќе четири дена и ќе продолжат колку што е потребно за да се постигне успешен договор. Вклучени се сите земји во регионот, наведе Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social).

Трамп неделава се сретна со лидери и претставници од голем број муслимански земји, со кои разговараше за ситуацијата во палестинската енклава, која е под интензивирани израелски напади.

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека Трамп на средбите со муслиманските лидери мировен план за Блискиот Исток од 21 точка.

Израелскиот портал „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel) го објави документот што Трамп му го претставил на лидерите од регионот.

1. Појасот Газа ќе биде зона без терор која не претставува закана за своите соседи.

2. Појасот Газа ќе биде обновена во корист на својот народ.

3. Доколку двете страни се согласат со предлогот, војната ќе заврши веднаш, а израелските сили ќе ги прекинат сите операции и постепено ќе се повлечат од Појасот Газа.

4.  Во рок од 48 часа од јавното прифаќање на договорот од страна на Израел, сите живи и починати заложници ќе бидат вратени.

5.  По враќањето на заложниците, Израел ќе ослободи неколку стотици палестински затвореници кои отслужуваат доживотни затворски казни и над 1.000 жители на Газа уапсени од почетокот на војната, заедно со телата на неколку стотици Палестинци.

6. По враќањето на заложниците, членовите на Хамас кои ќе се обврзат на мирен соживот ќе добијат амнестија, додека оние кои сакаат да го напуштат Појасот Газа ќе добијат безбеден премин.

7. Откако ќе се постигне договор, Појасот Газа ќе добива помош од најмалку 600 камиони дневно, ќе се реконструира клучната инфраструктура и ќе биде донесена на опрема за отстранување на урнатините.

8.  Помошта ќе ја дистрибуираат ОН и Црвената полумесечина, заедно со други меѓународни организации кои не се поврзани со Израел или Хамас, без мешање од која било страна.

9. Појасот Газа ќе биде управуван од привремена, преодна влада на палестински технократи. Ќе биде надгледувана од ново меѓународно тело основано од САД со арапски и европски партнери, кое ќе ја финансира реконструкцијата сè додека Палестинската самоуправа не ја заврши својата реформска програма.

10. Ќе се подготви економски план за реконструкција на Појасот Газа, фокусиран на привлекување инвестиции и создавање работни места.

11. Ќе се воспостави економска зона со намалени царински давачки и стапки за пристап.

12. Никој нема да биде принуден да го напушти Појасот Газа, а жителите ќе бидат охрабрени да останат и да изградат иднина во Појасот.

13.  Хамас нема да има никаква улога во управувањето со Појасот Газа. Ќе има обврска да ги уништи и да стопира изградбата на каква било офанзивна воена инфраструктура, вклучително и тунели.

14. Регионалните партнери ќе обезбедат безбедносни гаранции за да се осигури дека Хамас и другите фракции ќе ги почитуваат своите обврски.

15. САД заедно со партнерите ќе развијат привремени меѓународни стабилизациски сили, кои веднаш ќе бидат распоредени во Појасот Газа за да ја следат безбедноста и да ја обучуваат палестинската полиција.

16. Израел нема да го окупира или анектира Појасот Газа, а Израелските одбранбени сили постепено ќе ја предадат територијата на заменските безбедносни сили.

17.  Доколку Хамас го одложи или отфрли овој предлог, горенаведените точки ќе продолжат да се спроведуваат во областите без терор, кои Израелските одбранбени сили постепено ќе ги предадат на меѓународните сили.

18. Израел се согласува да не извршува идни напади врз Катар. САД и меѓународната заедница ја признаваат важната посредничка улога на Доха.

19.  Ќе се воспостави процес на дерадикализација на населението, вклучувајќи меѓуверски дијалог.

20. Како што ќе се постигнува напредок во обновата на Појасот Газа и се спроведува реформа на Палестинската самоуправа, можат да се создадат услови за кредибилен пат кон палестинска државност.

21. САД ќе воспостават дијалог помеѓу Израел и Палестинците за да се договорат за политички хоризонт за мирен соживот.

Tags: ГазаТрамп
Next Post

Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk