Папата Франциск ја започна вчерашната миса со нашата земја. На почетокот на својата проповед, тој кажа:
„Додека ги читаме Делата на апостолите, гледаме дека Светиот Дух е главен актер во мисијата на Црквата: Тој го води патот на евангелизаторите, покажувајќи им го патот. Кога апостол Павле стигна до Троја, имаше визија. Еден Македонец му се обратил: Дојди во Македонија и помогни ни! (Дела 16: 9). Луѓето од Северна Македонија се горди што го повикаа Павле да им го проповеда Исус Христос. Ми остана во убаво сеќавање на овој добар народ кој ме прими толку топло: нека ја задржат оваа вера што им ја проповедаше Павле!“
Неговата Светост, Папата Франциск ја посети Република Северна Македонија на 7 мај оваа година.
Џ. Д.