Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој вчера присуствуваше на трибината „На прав пат“ на СДСМ, за „Слободен печат“, изјави дека неговото присуство не значи и премин во партијата на власт.
„Далеку од тоа дека преминувам во СДСМ. На трибината присуствував како одговорен градоначалник на Кавадарци, сакам да слушнам кој што има да понуди и да го извлечеме најдборото за граѓаните и општината“, изјави Јанчев за „Слободен печат“, дополнувајќи дека нема план за формирање нова партија, особено не во предизборието.