ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Едуард Кукан: Тешко е да се работи со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не сакаат да се променат, Заев го следи интересот на граѓаните и државата

Мицкоски, се вели во неофицијалните брифинзи во текот на оваа година, манифестира крајно неодговорен однос кон македонските демократски и интеграциски процеси. Како причина за оваа „екскомуникација“, внатрепартиските извори го наведуваат и добро познатиот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ по заминувањето во опозиција.

October 31, 2019 11:44
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Едуард Кукан, европратеникот од Европската народна партија од Словачка на големиот Форум на поврзаноста (Connectivity Forum) во Тирана беше прашан како се чувствува што ВМРО-ДПМНЕ им е сестринска партија.

Според извори на FRONTLINE.MK, одговорот на Кукан е дека, за жал, не може да се бираат браќата и сестрите и многу е тешко да се работи со нив, бидејќи не сакаат да се променат. Воедно, тој се изрази пофално за премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, велејќи дека тој го следи интересот на граѓаните и државата, а не теснопартискиот интерес.

Ова се надоврзува на сознанијата за меѓународната изолација на ВМРО-ДПМНЕ за кои е пишувано уште во мај годинава.

Така, на пример, сега е веќе познат, иако премолчуван факт, дека институционалната поддршка што ВМРО-ДПМНЕ ја добиваше од Конрад Аденауер, политичката фондација на германските демохристијани, владејачката ЦДУ, е целосно прекината речиси една година. Но, заладувањето на односите се бележи уште во 2014 година, за опомените да станат сѐ појасни во текот на наредните години, особено во 2018 година.

Комуникацијата и поддршката сега се прекинати во целост. Иако од партијата за ова се молчи, внатрепартиски извори сведочат дека ова е силен удар врз најголемата опозициска партија во земјава. Тие наведуваат дека причините за прекинот на соработката и поддршката се содржат, пред сè, во антизападната ориентација и дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, во меѓународните политички кругови се констатира отсуство на волја кај претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да се согласи на внатрепартиски реформи и дека одбива да се дистанцира од експремиерот Груевски, инаку и почесен претседател на партијата, односно неволност да се дистанцира од од криминалот и насилството што беа одлика на владеењето на неговата партија.

Мицкоски, се вели во неофицијалните брифинзи во текот на оваа година, манифестира крајно неодговорен однос кон македонските демократски и интеграциски процеси. Како причина за оваа „екскомуникација“, внатрепартиските извори го наведуваат и добро познатиот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ по заминувањето во опозиција.

Мицкоски е во немилост на меѓународната заедница од истите причини поради кои и Конрад Аденауер ја прекина институционалната соработка и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Највисоки владини претставници на водечките држави во ЕУ веќе ги избришале Мицкоски и неговата партија од своите агенди, сметајќи дека тој, со своето неодговорно однесување, како што пренесуваат неофицијални дипломатски извори, може да смета дека тој може долго време да биде лидер само на опозициска политичка партија која, притоа, е и меѓународно изолирана.

Џабир Дерала

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk