ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев: Во правосудството нема никакви влијанија

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антониjо Милошоски.

October 31, 2019 17:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба јасно да биде потврдено, денеска во правосудството нема влијанија. Се што имаме да кажеме транспарентно зборуваме, и дури кога сме против притворите, кога сме за побрзи постапки, и кога сме за отчетност и транспарентно работење на обвинители и судии. Не се криеме, нема телефонски јавувања, нема состаноци за да се прават влијанија, и никако поинаку, пренесе МИА.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антониjо Милошоски.

– Се што работиме на средбите со судии и обвинители, се зајакнување на нивните капацитети. Дополнителни буџетски средства обезбедени во Јавно обвинителство и во судство, дополнително мотивација, па дури и исплативме на судиите од 2016 година  што биле под страв, да бараат надомест за дополнителни примања од ризик, кој по закон им следува. Годишно исплаќаме по два милиони евра. Оваа година на нивните сметки легнаа дополнителни два милиони евра за нешто што им е право од 2016 година и тоа по пат на спогодба и разговор со Судскиот буџетски совет, заедно со сите судии во државата. Го направивме онака како што личи во секоја демократска земја, рече Заев.

Истовремено, неправдата на судската служба која, како што рече, им беше нанесена со скратување на 40 отсто заради тоа што протестираа тогаш и беа директно, флагрантно казнети.

-Најдовме начин, обезбедивме пари, исплатени се и тие надоместоци од 2016 година кои им беа нанесени како неправда. Ние ќе работиме на се повеќе зајакнување на судските и правосудските капацитети, дали е во судство или обвинителство. На принципиелен начин ќе обезбедиме се поголеми услови и ќе бараме одговорност. Затоа што граѓаните бараат одговорност од сите, и од политичарите, но бараат одговорност и од судиите и од обвинителите, рече Заев.

Тој нагласи дека должност на секој судија е да испорача правна држава и правда во оваа земја, онака како што тоа го пропишува Уставот и законот за делокругот на неговото работење.

Заев рече ако има некакво влијание врз судија или обвинител, јавно апелираше гласно да зборува, јавно да соопшти за какво било влијание, директно или во име на некој друг. Смета дека само на тој начин ќе ја вратиме правната држава, да мотивираме инвеститори, младите да останат тука.

-Правната држава е императив на оваа Влада, главна стратешка определба по политичкото решение, рече Заев, изрази благодарност и до опозицијата што донеле консензуално многу закони во делот на правосудството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото:Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“

Започнува второто издание на Деновите на поезијата

May 19, 2025
Фото:Буква

Прво издание на фестивалот „БУКВАЛНО. ЏЕЗ“

May 19, 2025

Конте: Наполи е блиску до титулата, но треба да го направиме последниот чекор

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk