Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е против одложувањето на предвремените парламентарни избори закажани на 12 април иако во шпанскиот парламент закасни ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Оваа задоцнување крајна ратификација на протоколот во нашето Собрание.
Доколку последната фаза влезе во периодот кога нашето Собрание веќе ќе биде распуштено, Мицкоски во интервју за Отворено Студио на ТВ ШЕЊА, тврди дека пратениците можат пак да се соберат само за оваа цел, без да има потреба да се одложуваат изборите, јавува ЦИВИЛ Медиа.
За оваа решение тој се повикува на толкување од советник на претседателот кој го издал во време на последната лидерска средба, каде потврди дека како можност била разгледена и ваквата ситуација.
“Имајќи предвид дека 11 февруари практично ќе се распушти Собранието, сосема доволно време и доволен период е да може да имаме, ете, една успешна процедура. Но и доколку тоа не се случи во тој меѓупериод, имаше од Кабинетот на претседателот претставници меѓу кои и член на Кабинетот кој што е универзитетски професор на Правниот факултет кој даде толкување дека поради итни неодложни работи, може Парламентот да се свика. Тоа беше пракса во минатото, се сеќавате кога Зоран Заев те сакаше избори па те нејќеше, кога беше во опозиција. Така што не е пречка и нема да биде проблем доколку во меѓувреме не се случат овие работи, повторно поради итна и неодложна работа Парламентот да се состане”, изјави Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=bGrkxMVp4Ks