ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

12 април поволен датум за избори, сепак ратификацијата на Протоколот за НАТО може да предизвика промени

Доколку бидат испочитувани сите законски рокови Собранието би требало да се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април

November 2, 2019 09:46
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку бидат испочитувани сите законски рокови Собранието би требало да се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април, пренесе МИА.

Ова го посочи Џафери на средбата со новинари пред неколку дена, а премиерот Зоран Заев вчера истакна дека 12 април, датумот за кој се усогласија лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, треба да се задржи, но, сепак, истакна дека се остава можност за какви било промени, пред сè заради ратификацијата на Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

– Треба да се држиме до одлуките, барем до оние кои како политичките чинители ги донесовме со консензус и 12 април треба да го задржиме. Секако, секој пат одговорноста на државата е пред сè и над сè. Оставаме можност да се случат било какви промени, пред сè заради НАТО ратификацијата, рече Заев.

Тој посочи дека како држава нема да дозволиме да немаме Парламент токму кога ние треба да го ратификуваме Протоколот со НАТО.

– Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Северна Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент, истакна премиерот.

Според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, нагласи, досега не разговарал со лидери на политички партии, а кој има потреба за тоа, подвлече, треба да побара средба и да разговараме.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека пречка за изборите да се одржат на 12 април нема. Дафина Стојановска вчера на прес-конференција рече дека датумот е усогласен, препреки нема, а тоа го кажал и претседателот на лидерската средба на којашто сите учесници консензуално се договорија да има избори.

– Ова едноставно е само обид на Заев и алиби да и избега на правдата, таа е онаа правда заради која што ги урнисаа сите државни институции во државата. Но, токму таа правда нив ќе ги стигне кога тогаш. Колку повеќе одолговлекуваат толку посилен пораз ќе доживеат, рече таа.

За датумот за избори вчера говореше и Зијадин Села, кој во „Само интервју“ на Канал 5 нагласи дека за Алијансата за Албанците 12 април е датумот за одржување предвремени парламентарни збори, а изјавата на Заев, според него само покажува дека власта се плаши од избори.

Според Села, изборите му требаат пред се на албанското општество, зашто ДУИ, како што рече, не е репрезент на мнозинството албански граѓани и изминативе години е дел од власта благодарение на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

-Поголемиот дел од населението не се чувствува претставувано овие 18 години. ДУИ секој ден влегува со нарушен идентитет пред Албанците. Вратете се на локалните избори да видите што се случи. ДУИ немаше да добие ниту една општина да не беа ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Албанците овој пат ќе ја донесат промената, ќе ја вратат демократијата, истакна Села.

Земјава се очекува мошне брзо да стане и официјална членка на НАТО, уште три ратификации ја делат од полноправното членство.

Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД, дадоа зелено светло Северна Македонија да се приклучи во Алијансата. Останува тоа наскоро да го сторат уште Франција, Холандија и Шпанија, а Протоколот потоа треба да помине и во нашето Собрание.

Во Франција ратификацијата треба да ја заврши Националното собрание, откако тоа претходно го стори Сенатот. Во земјава в понеделник пристигнува потпретседателката на Сенатот, Елен Конве-Муре на средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со преставниици на собраниските тела и на пратеничките групи.

Сенаторката Конве-Муре учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот на Франција.

Очекувањата беа дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Засега е неизвесно дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку сè помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, тој треба да биде ратификуван и во Собранието на Северна Македонија, со што земјата станува 30 членка на НАТО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk