ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коњановски градел бунгалови со бетон измешан со дрво, пропаднале 315.000 евра

Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани. Имено, неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови

November 2, 2019 16:02
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ

Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани. Имено, неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови, истражува Љубиша Арсиќ за Нова ТВ.

Во врска со ненаменски потрошените пари, за кои постојат сомнежи дека е можно дел да завршиле и на приватни сметки, што уште се проверува, Јавното обвинителство во Охрид пред неколку месеци поднело кривична пријава против петмина.

Прв на листата е поранешниот министер за одбрана, Зоран Коњановски во чие време започнала целата операција, истовремено со најавата за проектот „АРМ мој вистински дом“ што се претвори во фарса, а наводно требаше да се обезбедат станови за армиските старешини. И ова со кампот во Свети Наум е вистинско промашување и за разлика од скандалот со становите кои никогаш не видоа ни темел, во случајот со бунгаловите постои штета по државната каса и токму затоа обвинителството судски ги гони и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими, екс државниот секретар во министерството, Петар Есмеров и уште двајца вработени во секторот за недвижнини.

Сега се очекува старт на судски процес во кој четворица ќе одговараат за бесправна градба, додека Бесими е пријавен за непријавување кривично дело. Детали од кривичната пријава не сака да открие никој затоа што информациите за случајот се класифицирани како доверливи.

Целата истражувачка сторија, прочитајте ја тука

Next Post
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Груевски се „јави“ на ФБ: Воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk