Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени, пренесе МИА.
Во Скопје слично време, со температура од 10 до 19 степени.
В понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.
Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.