ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„То Вима“: Следните потези на Атина за Скопје и Тирана по француското вето

Во текстот се вели дека минатата седмица во Министерството за надворешни работи на Грција се одржал состанок под шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со учество на високи дипломати, а целата била „да се разгледаат следните чекори од Атина, земајќи ги предвид изјавите на Зоран Заев за евентуално замрзнување на дел од Договорот од Преспа, а поконкретно одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја“.

November 4, 2019 11:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Атина планира конкретни потези во следниот период со цел да ја потврди надградената улога што се обидува да ја има на Балканот и да спречи развој на настаните, особено во Северна Македонија, кои би можеле да бидат против грчките интереси, пишува весникот „То Вима“ во текстот под наслов „Иницијатива со двојна цел на Балканот – Следните потези на Атина со Заев и Рама по француското вето“, анализирајќи ги следните чекори и ставот на Грција, пренсеува МИА.

Во текстот се вели дека минатата седмица во Министерството за надворешни работи на Грција се одржал состанок под шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со учество на високи дипломати, а целата била „да се разгледаат следните чекори од Атина, земајќи ги предвид изјавите на Зоран Заев за евентуално замрзнување на дел од Договорот од Преспа, а поконкретно одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја“.

-Генералната проценка што беше формирана е дека тврдиот став на францускиот претседател ја убива агендата на Солун од 2003 година, што беше еден од најважните моменти од грчката дипломатија. Поради тоа, грчката влада треба да најде начини на пристап како со Северна Македонија, така и со останатите земји од таканаречениот „Western Balkans 6“ со цел да се потврди водечката улога на Грција во регионот, пишува „То Вима“.

Весникот додава дека во овој контекст, Атина разгледува начини за координирање на активностите и со другите балкански земји членки на ЕУ-Бугарија, Хрватска и Словенија, а Грција веќе презела и директни чекори и кон Скопје и кон Тирана, меѓу кои и „неформални телефонски контакти со Северна Македонија, кои ќе се интензивираат во следниот период“.

Новинарот ги анализира и внатрешно – политичките случувања кај нас, вели дека грчкото МНР ги следи настаните, а кај Атина постои и загриженост за „изјавите кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ за постизборната позиција на партијата во случај на победа на изборите и последиците за билатералните односи“.

Според „То Вима“, пораката што Грција ја испраќа до македонскиот премиер Зоран Заев е дека „усвојувањето на националистичка реторика нема да му помогне да се соберат гласачи“.

-Напротив,  Атина бара од господинот Заев да инсистира на потребата за приближување кон Европа и за спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, пишува „То Вима“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Премиера на „Врба” во Прилеп

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk