Бизнисменот- осомничен во „Империја“ Орце Камчев бара уште еден привремен пасош од Судот. Планира во следната година да патува на веќе закажани бизнис состаноци во Турција, Швајцарија. Шестмесечниот пасош за кој доби зелено светло од Катица Јанева му истекува утре. Дали повторно треба да добие ист ваков пасош ќе одлучи судот по мислење на обвинителката Лиле Стефанова, дознава Тв24.
„Стасано е кај мене барањето. Треба да се соберат податоци да се напише одговор. Ако ми е потребна помош може и да се реферира кај Републичкото обвинителство, па да се испрати до Кривичниот суд на одлучување.“ – вели обвинителката Лиле Стефанова за тв 24.
Каде е сега Камчев не знае обвинителката Стефанова и вели дека до утре му важи одобрената патна исправа.
Целата вест можете да ја прочитате тука.