Македонската економија годинава ќе порасне за 3,5 отсто, а наредната за 3,8 проценти, се најновите проекции на Народната банка што денеска ги соопшти гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, пренесе МИА.
Двигатели на растот, според анализата на Нардоната банка, ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка.
Со свои проекции за економијата на земјава денеска излезе и ЕБОР, според која, растот на БДП и годинава и во наредната 2020-та ќе биде 3,2 отсто, што е зголемување од 0,2 проценти од претходно очекуваните три проценти.
Економски раст од 3,2 отсто за 2019 година предвиде и ММФ, кој, пак, за 2020 проектира зголемување од 3,4 проценти.