„Мило ми е што луѓето го знаат моето семејство, моето семејство е многу отворено. Мислам дека луѓето бидејќи го знаат мојот татко, имаат и импресии за тоа кој сум, вели министерот за животна средина и просторно планирање“, Насер Нуредини во емисијата 360 Степени на Алсат, пренесува Локално.мк.„Албанскиот ми е мајчин јазик и го зборувам, но не толку течно колку што сакам. Го разбирам македонскиот, го учам интензивно, се надевам дека наскоро ќе можам да го зборувам течно. На почеток ми беше предизвик да ги читам документите, имам добар тим околу мене кој ми помага“, рече тој на прашање дали ги разбира македонскиот и албанскиот јазик.
„Можеби не го направив тоа, не застанав да одговорам кога ме прашуваа за загадувањето, јас искрено се извинувам, дојдов да придонесам, не да бегам. Можеби станува збор за културолошки разлики, но разбирам дека луѓето се заинтересирани за тоа што се случува. Ако е тоа желба, ќе излегувам во јавност, но сакам да го сторам тоа кога ќе има вистински резултати. Најголем проблем имав да се прилагодам на јавната администрација, не ми требаше време да се прилагодам на културата“, изјави Нуредини.
Тој се обидува да биде најтраспарентен што може, но грижата за животната средина е сечија, изјавил Нуредини.