Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска ќе биде со граѓаните на општина Охрид, пренесува МИА.
Граѓанската трибина ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат: потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, потпретседателката на СДСМ Мила Царовски, и градоначалникот на Општина Охрид, Костадин Ѓеорѓиевски.