Времето во земјав аќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, пренесува МИА.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната температура од 11 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.
Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.