ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ве иритира вистината?

Ајде во име на поместувањето на метата и на тезите, да фрлам еден јавен предизвик - на пример вчера и денес цела една јавност молчи на новите десоросоизаторски проблесоци на мвро, а го бара влакното во секое јајце „на власта“, дисциплинирајќи ги сите оние што не се согласуваат со хорот што вика „неспособни“? Толку ли горат од желба да се вратат инспекциите во граѓанскиот сектор, плукањето на новинарите кои работат на меѓународни проекти, тепањето и плукањето новинари и активисти по улици, прогласувањето кодоши, предавници, платеници? Нема ниту еден организиран одговор на „десоросоизацијата“ која повторно ја јавнаа во штабот под телекоманда од Будимпешта? Ниту еден новинар не напиша текст, ниту една невладина организација не се јави со реакција? Зарем?

November 12, 2019 22:55
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Деновиве, ми велат, кај одредени кругови сум предизвикувал негативна возбуда и иритација со мојата кампања „3 години власт“. Добив и директни и јавни пораки од активисти, новинари, интелектуалци, неутралци… Иако во ниту еден од постовите кои ги пишувам повеќе од недела нема ниту еден спорен факт, ниту пак тие спорат нешто од напишаното, ниту пак сум ги прозвал или навредил, не дај боже! А, какви реакции добивам?

Прво, лични напади. Со мојот сарказам и иронија сум бил арогантен и надмен, сум иритирал. Иако, во ниту еден пост нема навреда кон никого, ниту лага. Изгледа до таму дојдовме, вистината стана навредлива и иритантна во ова општество.

Второ, замена на тези и нешто што во пропагандата со нарекува „подвижна цел“ или по нашки „а ова – а она“ техника. Наместо спорење на она што го пишувам, добивам ставови и посочување на сосем други теми и проблеми.

Иако во име на дискусијата го голтам и ова „менување ленти“ што во нормална земја се смета за непристојност и непочитување и одговарам на сите дигресии, одговорите никогаш не се доволни. Следи ново прашање и нерешен проблем, од друга тема. А јаc треба да одговарам – за судии, обвинители, гинеколози, полицајци, инспектори, чувари, газди итн. „Подвижна мета“, нели, за да не можеш никогаш да погодиш.

Но највпечатливи ми се оние што упорно пробуваат да ја наметнат тезата „сите се исти“, давајќи сосем несоодветни споредби и примери, дури и онаму каде што разликите се видливи и од авион.
На пример, на постот во кој ги споредувам долгогодишните политики на омраза и практично насилство на мвро кон сите поинакви во земјава наспроти со концептот на Едно општество за сите, веднаш се најде некој што тие политики ги спореди со еден владин функционер, кој во една нелегална снимка изговара збор кој претставува погрден назив за една наша етничка заедница. Десет години и повеќе теориска и практична дискриминација, оркестрирано насилство и омраза, се споредуваат со лична слабост на еден функционер, кој за тоа се извини и покаја јавно.

Туку, ајде во име на поместувањето на метата и на тезите, да фрлам еден јавен предизвик – на пример вчера и денес цела една јавност молчи на новите десоросоизаторски проблесоци на мвро, а го бара влакното во секое јајце „на власта“, дисциплинирајќи ги сите оние што не се согласуваат со хорот што вика „неспособни“? Толку ли горат од желба да се вратат инспекциите во граѓанскиот сектор, плукањето на новинарите кои работат на меѓународни проекти, тепањето и плукањето новинари и активисти по улици, прогласувањето кодоши, предавници, платеници? Нема ниту еден организиран одговор на „десоросоизацијата“ која повторно ја јавнаа во штабот под телекоманда од Будимпешта? Ниту еден новинар не напиша текст, ниту една невладина организација не се јави со реакција? Зарем?

Она што можам јас да ви ветам драги мои, е дека јас лично ќе продолжам да пишувам, макар тоа значело и да ја иритирам јавноста со вистината. Материјал за мојата кампања 3 години власт и посочување на разликите имам доволно, не за неколку месеци, туку за неколку години. Оти чувствувам дека има многумина меѓу нас кои ниту знаат каде сме биле и за што сме се бореле, ниту пак знаат каде одиме и како треба да стигнеме до таму.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Volodymir Zelensky at "The Ukraine Recovery Conference" Photo source: New Europeans People’s Forum

New Europeans People’s Forum: Детали од Конференцијата за обнова на Украина во Рим

July 11, 2025

Јапонија не попушта пред заканите на Трамп за царини: „Нема да дозволиме да бидеме искористени“

July 11, 2025

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk