Денес (среда 13.11.2019) од 12 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во спомен-собата на Миладиновци, ќе се одржи промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски.
На промоцијата за поетската книга „Човек“ ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ.
Јовица Ивановски е роден 1961 година. Автор е на 14 поетски книги. Неговите дела и делови од нив се преведувани на петнасет јазици и се застапени во повеќе антологиски избори на македонската поезија.
Јовица Ивановски за книгата „Човек“, е добитник е на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2019 година.