ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Србија за неколку дена може да воведе 24-часовна фитосанитарната и ветеринарна инспекција на Прешево

Двајца министри на српската Влада денеска се огласија во однос на Договорот од Охрид за олеснување и побрз проток на стоки, луѓе услуги и капитал меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, наречен „Мал Шенген“

November 13, 2019 15:40
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Двајца министри на српската Влада денеска се огласија во однос на Договорот од Охрид за олеснување и побрз проток на стоки, луѓе услуги и капитал меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, наречен „Мал Шенген“, јави дописникот на МИА од Белград.

Во врска со договорот, кој се однесува и на инспекцискиот надзор на границите, српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ изјави дека „Србија би можела во рок од неколку дена да воспостави 24-часовно работно време на фитосанитарната и на ветеринарната инспекција на граничниот премин Прешево.“

– Ова конкретно значи дека нашите гранични премини, од двете страни, ќе имаат 24 часа дневно фитосанитарни и ветеринарни контроли, кои вклучуваат контрола на растенијата, месото и месните производи, млекото и сè друго. Друга важна точка во целата приказна е дека ќе ги признаваме резултатите од истражувањата од лабораториите во секоја земја, за да не мора повторно да се земаат мостри штом ќе се премине границата. Кога сето ова ќе биде договорено, ќе имаме комплетно нормален проток што нема да се разликува многу од движењето на стоките низ Европската унија, изјави Недимовиќ.

Според него, техничките детали ќе бидат договорени на следните состаноци на српскиот претседател Александар Вучиќ со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, а роковите за спроведување би требало да бидат познати во текот на наредниот месец.

Со соопштение се огласи и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, која изјави дека „малиот Шенген“ е иницијатива која има за цел економска интеграција во регионот.

– Не можеме да го вратиме минатото, но треба да мислиме за иднината, а тоа е подобар живот за нашите граѓани, се вели во писмената изјава на Михајловиќ.

Според неа, и покрај различните размислувања и критики, оваа иницијатива предизвика голем интерес, бидејќи ниту една земја во регионот нема поголем интерес од тоа да обезбеди граѓаните да останат во своите држави и да живеат подобро и поквалитетно.

– Важно е да обезбедиме побрз проток на стоки и луѓе и граничните премини да бидат побрзи и поефикасни. Не е доволно да се инвестира во автопати, железнички и водни коридори ако нашите премини не се добро организирани. Министерството што го водам ќе соработува со колегите од другите земји за да воспостави регионален таг за брзо поминување на автопатите во регионот и ќе придонесеме да се направи побрз премин на граничните премини, рече Михајловиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk