ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев: Од наредната година нови вработувања на научен и наставен кадар

Со моето присуство овде како премиер, испраќам порака дека оваа Влада се определи за заштита, афирмација, поддршка на употребата на македонскиот јазик и  поддржуваме секоја искрена иницијатива која оди во прилог на унапредувањето на современиот македонски јазик, истакна премиерот Зоран Заев на отоврањето на четвртата Меѓународна научна конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови

November 13, 2019 14:07
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со моето присуство овде како премиер, испраќам порака дека оваа Влада се определи за заштита, афирмација, поддршка на употребата на македонскиот јазик и  поддржуваме секоја искрена иницијатива која оди во прилог на унапредувањето на современиот македонски јазик, истакна премиерот Зоран Заев на отоврањето на четвртата Меѓународна научна конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови, пренесува МИА.

Рече дека  се обидуваат да ги поддржат националните институти кои, како што рече, беа запоставени во претходното време и дека следната година ќе се работи на зголемување на бројот на нововработен научен и наставно-научен кадар.

-За да ја доближиме правилната примена на македонскиот јазик до младите луѓе и да мотивираме создавање стручни кадри кои ќе го пренесуваат знаењето за македонскиот јазик, потребен е подмладок во фелата. Помогнавме да се подобрат условите за работа во Институтот за македонски јазик со нови компјутери, со климатизација на целата зграда, со реновирање и модерен амфитеатар.

Исто така, за 25 проценти одлучивме да има зголемување на платите од октомври оваа година во националните институти што беа оставени од 2008 година со најниски плати во државата. Голем дел од нашите научни работници овде беа навистина и со плати пониски од наставниците во средното образование. Предвидовме средства и за минат труд што одамна не е добиен. Во рамките на издавачката дејност за 2019 година, како никогаш досега се поддржани сите списанија и зборници и монографии на Институтот за македонски јазик, а правиме напори за финансирање и на националните проекти што пред десетина години беше целосно укинато, истакна Заев.

Соопшти дека деновиве треба да почне јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што предвидува, меѓу другото, вработување лектори во сите институции во државата, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на некогашни лекторати, но отворање и нови, особено во соседните земји.

-Визијата на Мисирков денес е наша активна мисија, рече Заев на отворањето на научната конференција, порачувајќи дека  денешните генерации имаат должност да им предадат на  идните генерации жив македонски јазик. Таа одговорност, рече, е уште поголема ако се имаат предвид очекувањата за исчекор во евроатлантските перспективи и службената употреба на македонскиот јазик во европските институции.

Директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска рече дека евентуалните вработувања во Институтот и на Скопскиот универзитет не се предизборно мотивирани, туку, како што рече, се насушна потреба за млад кадар.

-Имаме доволно услови за да вклучиме во работата уште најмалку 15 млади научници и да им го пренесеме нашето знаење. Во изминатата деценија државата отвораше нови универзитети и во нив го насочуваше новиот кадар. Националните институти, меѓу кои и нашиот кој е придружна членка на УКИМ, доживеа стареење на кадарот. Процесот на прием на млад кадар е започнат, но би апелирале за побрзо темпо за вработување, рече Јованова-Грујовска и нагласи дека е време да се размислува за враќање на финансирањето национални проекти укинато пред една деценија.

На дводневната четврта меѓународна научна конференција, годинава на тема „Македонскиот јазик – извор на филолошки и културолошки истражувања“, учествуваат 66 лингвисти. Четириесет и пет се  од  земјава, а 21 од Полска, Србија, САД, Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Словенија.  Институтот наскоро ќе организира и јавна трибина за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk