ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Со зголемување на пензиите за 700 денари, просечната ќе биде 15.500 денари

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти

November 13, 2019 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти, пренесе МИА.

– При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите. Затоа во член 37 од законот интервенираме и велиме во случај кога минималната плата расте со над 15 отсто и просечната плата во претходната година над пет проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум до растот на просечната плата во државата, рече Царовска, додавајќи дека со ова на некој начин се прави дополнителна индексација на пензиите во насока на следење на економскиот раст и потенцијал на државата

Ова зголемување, нагласи Царовска, е најголемо во последните 12 години затоа што не се прави изземање на законски планираната индексдација на трошоците на живот.

– Таа останува во системот и на тој начин го држиме стабилен, а секогаш кога ќе се појават овие два дополнителни индикатори – раст на БДП над четири проценти или раст на минималната и просечната плата, ќе ги зголемуваме трет пат пензиите, истакна министерката на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со ова зголемување на пензиите не се отвора можност од зголемување на дупката во пензискиот систем, бидејќи се зголемуваат средствата кои од Буџетот се префрлаат кон пензискиот фонд, министерката Царовска рече дека во вкупната сума која е зголмена во најголем дел учествува мерката за субвенционирање на придонес за зголемување на плати во приватниот сектор.

– Во вкупниот трансфер од  Буџетот кон ПИОМ е содржана мерката субвенции на плати и најголемата сума како додадена е за мерката за субвенционирање на платите од 600 до 6.000 денари, затоа што плаќањето ќе оди преку Министерството. Овие пари за субвенционирање не ја зголемуваат дупката. Тие префрлаат пари и ја затвараат бидејќи стигнуваат во Фондот, затоа што сме одлучиле законски да ги поддржиме компаниите да исплатат повисоки плати, рече Царовска.

Таа појасни дека во 2018 година дефицитот во Фондот бил 19 милијарди 420 милиони денари, а во 2019 година бил намален на 15 милијарди 644 милиони денари, со што пензискиот систем и фондот биле заштитени.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Шаип Зенељи вели дека пензискиот фонд е стабилизиран и оти има зголемување за 10 отсто на неговиоте приходи по однос на придонеси, поради зголемувањето на придонесите од 18 на 18,4 отсто, зголемување на платите и зголемување на бројот на вработени во државата.

Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери вели дека тие го барале ова покажување поради зголемувањето на просечната плата и минималната плата, заради одржување на вредноста на пензиите.

Покачувањето на пензиите, вели таа, ќе придонесе за зголемување на стандардот на живеење на пензионерите, но и на членовите на нивните семејства. Ова, потенцира Трајкова, е особено значајно со оглед на тоа што 62,2 отсто од пензионерите имаат минимални или пензии до висина на просечната плата.

 

Next Post

Владата изготви закон за евидентирање на лицата „фантоми“

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk