ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026 10:18
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Винарија Душа од Волково, лоцирана на 10 километри од центарот на Скопје и на само пет минути возење од обиколницата, официјално ги отвори вратите за посетители. Посетите се организираат со претходна резервација и вклучуваат тури и дегустации, а просторот е отворен и за приватни настани, прослави, тимски дружења и деловни средби, со капацитет за помали групи до 12 луѓе и поголеми групи до 50 луѓе.

Посетителите имаат избор меѓу неколку вински искуства, од кои секое опфаќа водена тура низ винаријата, запознавање со процесот на производство и дегустација на четири вина во комбинација со мезе даска или автентични македонски специјалитети. Во дегустациите се вклучени белото куве Ведрина, розето Зора, ароматичната Темјаника и новото црвено вино Допир, додека едно од искуствата е посебно посветено на македонските сорти Смедеревка, Темјаника, Станушина и Вранец.

Зад винаријата стојат Небојша и Емилија Димиќ, брачен пар македонски електроинженери кои живеат во САД и своите кариери ги граделе во ИТ-индустријата. Нивната пасија кон виното ги одвела на студии по енологија во Сиетл, а стекнатото знаење денес го применуваат во производството на Душа. Покрај објектот во Волково, винаријата располага и со лозарско земјиште во Ресава, во срцето на Тиквеш, каде што најголемиот дел од насадите се речиси 50-годишни лози Темјаника кои даваат концентрирано грозје со карактер.

„Во Душа се спојуваат две навидум различни работи: инженерската прецизност и креативноста што ја бара виното. Анализата и современата технологија ни се важни, но исто толку ни се важни интуицијата и почитта кон традицијата. Сакаме гостите тоа да го видат и вкусат од прва рака, од лозата до чашата“, истакнува Небојша Димиќ. За Емилија Димиќ, пак, виното е повод луѓето да се соберат, да разговараат и да создадат спомени, па токму затоа Душа е замислена како место близу до градот, но доволно далеку од секојдневието.

Иако Душа е основана во 2023 година, семејната врска со земјата во Волково трае со генерации. Имотот првично го купил прадедото на сопственикот со пари заработени од изградба на железнички пруги во Америка и на него засадил лозје. Откако земјата со текот на времето била поделена меѓу наследниците, правнукот Небојша, кој исто така изградил кариера во Америка, децении подоцна почнал повторно да ги откупува и обединува парцелите, а дел од старото лозје сè уште раѓа во дворот на винаријата.

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk