ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026 09:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Share on FacebookShare on Twitter

Со пораки против фемицидот и семејното насилство, стотици граѓани во Скопје излегоа на протестен марш организиран од движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Маршот се одржа вчера, 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а заврши пред Министерството за внатрешни работи со симболично истурање земја и оформување импровизиран гроб во спомен на убиените жени. Протести против насилството врз жените се одржаа и во повеќе градови во Бугарија.

Маршот во Скопје започна од паркот „Жена-борец“, кај Собранието, каде демонстрантите упатија пораки до пратениците и институциите за итно преземање одговорност и усвојување на законските измени за заштита од насилство. Потоа учесниците се упатија кон Министерството за внатрешни работи.

„Не е љубов ако те убива“, „Не е трагедија, фемицид е“, „Ниту една повеќе“ и „Не сте свесни колку сме бесни“ беа дел од пораките на транспарентите.

Анастасија Павловска од Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“ побара итно усвојување на законските измени за заштита од насилство, особено измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои се поднесени во Собранието на 26 август.

Пред МВР, демонстрантите истурија земја и направија импровизиран гроб како симболичен потсетник на жените чии животи беа насилно одземени. Со оваа акција тие упатија порака дека институционалната одговорност не смее да заврши со изразување сочувство по секое ново убиство.

Шест барања со рок до 10 декември

Движењето „Ниту една повеќе“ упати шест конкретни барања до институциите и постави рок за нивно исполнување до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Меѓу барањата се итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и финализирање и усвојување на пакетот измени на осум закони за поефикасна институционална заштита и координација меѓу полицијата, социјалната заштита и правосудството.

Движењето бара и најмалку 200 милиони денари во Буџетот за 2027 година за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите, како и превентивни програми за третман на сторителите.

Останатите барања се однесуваат на јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, утврдување индивидуална и институционална одговорност за случаите на фемицид и повлекување на законските и образовните измени за кои движењето смета дека ја ослабуваат заштитата од дискриминација и родово базирано насилство.

Доколку барањата не бидат исполнети, организаторите најавија ново одбележување пред Собранието на 10 декември.

Седум фемициди и зголемување на пријавите за насилство во Македонија

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Северна Македонија во 2026 година се регистрирани седум случаи на фемицид. Во првите десет месеци од годината е забележано зголемување од над 70 проценти на пријавите за родово базирано насилство во споредба со истиот период минатата година.

Во истиот период МВР поднело 1.450 кривични пријави за 1.489 кривични дела поврзани со семејно насилство, што претставува зголемување од околу 50 проценти во однос на истиот период во 2025 година.

Податоците за првите девет месеци од годината покажуваат 1.337 регистрирани кривични дела поврзани со семејно насилство и 1.433 жртви, од кои 1.144 се жени.

Дополнително, координаторката на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија, во својата порака по повод почетокот на кампањата „16 дена активизам“ предупреди дека зголемувањето на пријавените случаи за 70 проценти е сериозен сигнал за потребата од поефикасна институционална реакција.

„16 дена активизам“: од 25 ноември до 10 декември

Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, 25 ноември, го означува почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, која завршува на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Годинашната кампања на Обединетите нации во Северна Македонија се одвива под слоганот „Своја на своето“, со посебен акцент на економското насилство врз жените и девојчињата – форма на злоупотреба која често останува непрепознаена, но може да биде поврзана и со потешки облици на насилство.

Пораките од протестите и активностите на граѓанските организации повторно го отвораат прашањето за тоа колку институциите се подготвени да реагираат навремено, да ги заштитат жртвите и да обезбедат одговорност за сторителите.

Борбата против фемицидот и семејното насилство не може да се сведе на повремени кампањи и симболични пораки. Таа бара функционални механизми за заштита, достапни услуги, координирани институции и конкретна одговорност за секој пропуст.

Б. Ј.

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk