ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија имаат дијабетес

Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно, зголемен е за 38 милиони

November 14, 2019 09:49
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија „Баланс мк“, пренесува Макфакс.

Оттаму наведуваат дека бројот на лица со дијабетес во светот продолжува да расте. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно, зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната Федерација за Дијабетес (International Diabetes Federation – IDF).

Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Се проценува дека до 2045 година оваа бројка ќе надмине 700 милиони или секој деветти човек во светот ќе има дијабетес.

Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF) годинава го издава деветтото издание на Дијабетес атласот, кој преставува авторитативен извор на податоци за глобалната тежина на дијабетесот.

Според податоците од овој атлас, проценките за 2019 година се следниве: едно од 11 возрасни лица (20-79 години) има дијабетес (463милиони), односно 38 милиони луѓе повеќе споредено со 2017 година, 3.600 повеќе деца и адолесценти заболени од дијабетес споредено со 2017 година, односно 1.110.100 деца и адолесценти на возраст под 20 години имаат дијабетес тип 1.

Едно од две лица со дијабетес се недијагностицирани, 22 милиони луѓе повеќе се на ризик да развијат дијабетес, споредено со 2017, речиси две третини (63%) oд лицата со дијабетес се во активно работно доба (под 60 години), едно од пет лица со дијабетес се на возраст над 65 години, 33 милијарди долари повеќе се трошат на дијабетес споредено со 2017 година,  10% oд светските здравствени трошоци се трошат на дијабетес (760 милијарди долари) и едно од шест раѓања (20 милиони) е засегнато од зголемен крвен шеќер, од кои 84% се должат на гестациски дијабетес (дијабетес во бременост).

Од „Баланс мк“ наведуваат дека зголемената преваленца на дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад) и зголемени можности за скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).

Во нашата земја е подготвена Национална Стратегија за справување со дијабетесот, која „Баланс мк“ очекува да се имплементира многу скоро.

Асоцијацијата објави и петиција за јавна поддршка на барањето за набавка на сензори за безболно мерење на гликемија на 500 деца и адолесценти, како и исполнување на ветувањето за нивна набавка од Министерството за здравство, Владата и ФЗОМ час поскоро.

Извор: Макфакс

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk