ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фалкони: Франција ги отвора вратите за натамошно проширување на ЕУ

Дискусиите за проширување и продлабочување на ЕУ не треба да се избегнуваат во време кога Унијата се соочува со предизвици, кога во европските институции неофицијално се разговара за новата методологија за преговори за членство, а по одлуката за одложување на отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, оценија учесниците на политичкиот панел за политиката на проширување на ЕУ во Францускиот институт во Белград

November 14, 2019 17:02
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дискусиите за проширување и продлабочување на ЕУ не треба да се избегнуваат во време кога Унијата се соочува со предизвици, кога во европските институции неофицијално се разговара за новата методологија за преговори за членство, а по одлуката за одложување на отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, оценија учесниците на политичкиот панел за политиката на проширување на ЕУ во Францускиот институт во Белград, пренесува МИА.

Францускиот амбасадор во Србија, Жан Луј Фалкони во воведниот збор на панелот „Политиката на проширување на ЕУ на крстосница – вкрстување на ставовите на ЕУ за проширувањето и продлабочувањето на ЕУ“, оцени дека дебатата за продлабочување на Унијата засега и држави кои настојуваат еден ден да бидат членки на блокот и дека она што се случува во Србија со проширувањето е поврзано со она што се случува во Брисел.

– Франција ја отвора вратата за натамошно проширување и ние сакаме земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, да влезат во Европската Унија. Тоа е нашата цел, изјави францускиот амбасадор во Србија.

Фалкони, исто така, порача дека на патот на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан треба да спроведат бројни реформи во областа на владеењето на правото, слободата и деловната клима.

Одговорниот за проширувањето во Генералниот секретаријат за европски прашања на Франција, Жилијен Вуатури во обраќањето ја истакна важноста на дебатата која се води во ЕУ.

– Важно е да имаме дијалог со партнерите на ЕУ. Со европските институции водиме дијалог за тоа како да го унапредиме проширувањето за нас и за земјите кандидати, изјави Вуатури.

Тој оцени дека целта е да се зајакне пристапниот процес и самата перцепција, начинот на кој земјите кандидатки го усвојуваат процесот на проширување.

– Да се стане членка на ЕУ, пред се повеќе е одлука на народот, отколку одлука на владата, рече француски претставник, додавајќи дека „прашањето за проширувањето не треба да се спротивставува со прашањето на продлабочувањето на ЕУ“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во вторник размена на идеи за проширувањето на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk