ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Заев го чека пораз и одговорност за криминалот

Христијан Мицкоски: Прво, ако нема предвремени избори или дојде до одложување, тоа може да го направи парламентарното мнозинство, а тоа значи дека Заев се плаши  од пораз. Не се плаши толку од пораз, колку што се плаши од одговорноста што следи по поразот.

November 14, 2019 10:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ДојчеВеле вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски.

ДВ: На лидерската средба се договоривте за предвремени избори кои не се брзи, нo во политички кулоари се шпекулира дека можеби ќе нема избори. На што се темелат таквите шпекулации?

Христијан Мицкоски: Прво, ако нема предвремени избори или дојде до одложување, тоа може да го направи парламентарното мнозинство, а тоа значи дека Заев се плаши  од пораз. Не се плаши толку од пораз, колку што се плаши од одговорноста што следи по поразот. Убеден сум дека нема да има одложување на изборите, затоа што тоа ќе реферира на вториот дел од одговорот – каков ќе биде кредибилитетот на Пендаровски како претседател, кој не собира и носиме заклучок, ако по тој заклучок, Заев, уплашен за одговорноста за криминалот – одлучува да ги одложи тие избори заедно со парламентарното мнозинство. Каков пример ќе оставиме пред граѓаните, ако одлуките на претседателите на најголемите партии се менуваат по нарачка? Мислам дека нема индиции за такво нешто. Предвремени избори на 12-ти април ќе има, техничката влада на 3-ти јануари ќе се случи. По поразот што ќе го доживее Заев, следува одговорност. Го разбирам, уплашен е, знае што направил, знае што се случувало изминативе три години од аспект на криминал, корупција и сите оние понижувања што и ги нанесе на државата. Треба да биде свесен дека мора да има одговорност.

На што мислите кога велите „Заев знае што направил”?

– Па свесен е за сиот криминал што го има сторено тој и луѓе блиски околу него. Инаку зошто би се плашел, зошто би пуштал информации дека ќе се одложуваат изборите, ако знае дека политиката што ја предводел како премиер била добра за граѓаните, понудила раст во државата, перспектива, иднина. Сето ова е спротивно на реалноста.

Како се подготвувате вие? Го одредивте ли тимот за техничката влада?

– Ги креирам контурите на тимот и профилот на личностите. Тоа се луѓе кои 100 дена треба да бидат министри во ресорите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, и како заменици-министри во ресорите администрација, финансии и земјоделие. Многу скоро јавноста ќе ги дознае нивните имиња. Тие треба да осигурат изборниот процес да биде фер, демократски и отчетен.

Ветувате дека земјата ќе ја ставите на брзата лента кон ЕУ. Може ли да објасните на кој начин би го направиле тоа?

– Комплетно реформирање и ресетирање на општеството. Со последниве одлуки на Заев, како се однесува со буџетот и начинот на кој ги води политиките, ме загрижува за иднината на државата. Немаме информации за она што ќе го остави оваа влада во заминување. За време на техничката влада, кога ќе имаме заменик министер во финансии, ќе имам јасна слика што наследуваме и таков приоритет ќе дадеме на проектите кои Македонија ќе ја ставаат на брза лента. Тука пред се мислам на реформите кои граѓаните ќе ги почувствуваат во првите сто дена од новата влада.

На кои реформи мислите?

– Па јас не знам која реформа ja спроведе овaа Влада. Еве да зборуваме за реформата во даночниот систем. Видовме дека Владата се повлекува од таа реформа. Доколку сте инвеститор во оваа држава, кога гледате вакви осцилации во даночната политика, што може да донесете како одлука за  инвестициите и вашиот бизнис во Македонија? По десет месеци Владата ни вели – ние се шегувавме, всушност оваа мерка не била добра, а вие што ги инвестиравте вашите пари, ви благодариме, сега повторно ќе го вратиме рамниот данок.

Што е поголем грев – да продолжеше истата мерка, или ако не дава резултати – да се повлече?

– Ова не е детска игра, пу, пу, не важи, згрешивме, се враќаме. Немаме повеќе можности за грешки. Пред да се донесе каква било одлука се седнува и се прави стратегиски менаџмент, се анализира. Посебно кога зборуваме за вакви суштински одлуки. Зборуваме за стратегија. Врз основа на таа стратегија луѓето одлучуваат дали вака или така ќе се искористат милијарди евра. Со нив се отвораат и затвораат работни места, се одлучува за човечки судбини, не може тоа да се покрие со ‘извини згрешив’ и никому ништо, a одговорност да нема. Со такви ‘купи ден продај’ потези, ни се случуваат вакви работи, општеството по принципот на ‘мало сутра’ или она со тепсијата и баклавата. Направија буџет од 3,9 милијарди евра. Погледнете ги капиталните инвестиции. Ова е рекорден буџет. Ќе ве потсетам кога во минатото за првпат една од владите направи буџет од 3 милијарди евра во расходната страна, тоа беше рафална критика во општеството. Денеска – тишина. Чудна некоја тишина, никој ни збор да изусти за оние 3,9 милијарда евра, од кои една милијарда ќе биде обезбедена од задолжување.

Да се вратиме на брзата лента за ЕУ. Предвидува ли таа некои рокови?

– Уште во во првите 100 дена ќе се почувствува разликата што ќе ја понуди новата влада. Прв и најголем акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и реформите во правосудството за 100 % независно правосудство. Не можете да им оставите независност, па тие да се претворат во нов центар на моќ. Некој мора да го мониторира нивното работење, некој мора да ги забележува нивните грешки.

Целото интервју со Мицкоски прочитајте го ТУКА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот краток филм „Избор“ во официјалната селекција на престижниот Оденсе фестивал во Данска

May 16, 2025

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

May 16, 2025

Мицкоски: Присуството на Самитот во Тирана е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk