Во петок, 15.11.2019 година, во 19:30 часот во театар Куманово ќе биде прикажана премиерата на краткиот
филм „Метакосмиа“ – сценарио и режија на Мартин Давитковски.
Главни улоги во филмот ги толкуваат: Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни
ликови и повеќе статисти.
Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, Дејан Ангеловски е асистент на
фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а
музиката е на „Egnatia“.
Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.
Влезот на премиерата во петок вечер, во 19:30 часот, во кумановскиот театар ќе е слободен за
сите посетители.
Ј.Ѓ