Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на прес-конференција, даде отчет за сработеното во изминатите две години од мандатот.
Јанчев ја нагласи извонредната реализација и истакна дека за овие две години се реализирани околу 90 проценти од четиригодишната програма.
Градоначалникот се осврна на подобрените услови во образованието, комуналната инфраструктура, социјалната заштита, културата, спортот и во другите области.
Јанчев им се заблагодари за соработката на сите чинители од политичкиот живот во Кавадарци безразлика на која партија припаѓаат.
Покрај за сработеното, Јанчев се осврна на тоа дека за следната година се планираат велосипедски патеки низ градот и велисипедско-пешачка патека до месноста Моклиште. Тој ја нагласи како приоритет и атмосферска канализација во селата Возарци и Сопот, прочистителна станица за вода за пиење, реконструкција на Зелениот пазар, две спортски сали и една градинка.
– Кавадарци на прво место, заврши градоначалникот на Кавадарци со своето излагање.
Ј.Ѓ