ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јане Велковски, 11-годишен застапник за деца со попреченост ќе зборува во ОН во Њујорк

На овогодишниот Светски ден на детето, единаесетгодишниот застапник за деца со пореченост од Северна Македонија, Јане Велковски, ќе му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк, каде деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата

November 15, 2019 16:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На овогодишниот Светски ден на детето, единаесетгодишниот застапник за деца со пореченост од Северна Македонија, Јане Велковски, ќе му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк, каде деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, пренесе МИА.

Како што соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето кој се совпаѓа со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

– Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот, изјави Јане Велковски.

Тој ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца – застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја, а ќе зборува заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

– Јане е инспирација за сите нас и пример што може да постигнат децата ако им се даде фер шанса. Многу сме горди што токму тој ќе ја сподели својата порака со светските лидери. Тој ни покажува дека, како и секое дете, децата со попреченост со себе носат потенцијал за среќен, исполнет живот, витално учество во заедницата и давање свој придонес за да изградиме инклузивни и одржливи општества за сите, рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ. 

Заедно со Владата и во партнерство со Делегацијата на Европската унија, УНИЦЕФ во Северна Македонија организира низа активности за да ја одбележи 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Училиштата низ целата земја се вклучени во активностите околу „Најголемата лекција на светот“ и ја пишуваат “Иднината на детството“. Над 1.300 деца испратија свои креативни дела кои ќе бидат дел од настанот на високо ниво во Владата „За децата, од децата“. 

Next Post

Зголемување од 249 проценти на вредноста на договорената работа на домашните градежници во странство

НАЈНОВО

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk