После 5 години постоење, вчера со почеток во 18 часот, официјaлно беше отворено новото продажно место на францускиот бренд за накит Nina Box.
Меѓу поканетите гости беа и дел од македонските инфлуенсери кои имаа можност да погледнат дел од новата колекција и уште еднаш да се уверат во квалитетот и уникатноста на брендот.
На самиот почеток, на гостите им се обрати сопственичката и генерален менаџер на Nina Box Macedonia, Гордана Костадиновски.
„Уникатност, убавина, посебност, кристали и привлечност се првите неколку работи кои го опишуваат накитот Nina Box. Nina Box e француски дизајниран накит изработен со SWAROVSKI кристали.
Во понудата се наоѓаат парчиња накит потпишани од самата дизајнерка. Секое парче е впечатливо и секое може да си го најде својот сопственик. Накитот Ве бира Вас драги дами, накитот го одразува Вашиот карактер, стил и начин на живот.
Велат дека ако носите обичен накит, тогаш луѓето ќе го запаметат накитот. Но, ако носите елегантен накит, луѓето ќе ја запаметат жената која го имала на себе“ – рече Костадиновски.
По завршувањето на официјалниот дел, гостите продолжија да уживаат во атмосферата на настанот.