Вкупно 55 информативни интернет медиуми веќе добиле „зелено светло“ да бидат дел од регистерот кои го подготвуваат Советот за етика во медиумите во партнерство со Здружението на новинари. Оваа бројка не е конечна, пријави сè уште пристигнуваат, а во меѓувреме се допрецизираат и дополнителните критериуми за влез во регистарот, пишува Петар Клинчарски за Цивил Медиа.
Во текстот понатаму напомнува дека основните услови кои треба да се исполнат за интернет медиумот да влезе во регистерот се: објавување на сопствеништво на медиумот, импресум на уредници и новинари, почитување на Кодексот на новинарите.
– Регистарот ќе биде готов до крајот на ноември. Неговото објавување доцни бидејќи новинарските организации сакаат да им дадат простор на медиумите кои имаат одредени пропусти, како на пример, непотпишувањето на авторите на дел од текстовите.
Прашањето кое се наметнува е дали во регистарот може да се протнат интернет медиуми кои во минатото ширеле пропаганда, објавувале хушкачки текстови, лажни вести и важеле за непрофесионални?
Претседателката на Управниот одбор на Советот на етика во медиумите, Катарина Синадиновска, објаснува дека одлуките на организацијата, по жалбите од граѓаните, ќе имаат клучна улога во одредувањето кој ќе биде дел од листата на професионални медиуми.
„Имаме такви апликации од медиуми кои сакаат да бидат членки интернет портали, но за кои Советот за етика има негативно искуство во работата со нив и веќе биле најголеми прекршители на новинарските стандарди. Наша одлука во првата фаза тие да не бидат дел од регистарот бидејќи ќе го нарушат кредибилитетот на целиот процес. Не сакаме да ги исклучиме, меѓутоа сакаме да ги натераме да се подобрат. Она што го даваме е грејс период, најверојатно 3 месеци, доколку ги почитуваат стандардите и доколку против нив нема ниту една претставка која е валидна, ние на следен состанок на Управниот одбор за 3 месеци ќе ги разгледаме апликациите. Ако два пати во текот на 6 месеци не ги почитуваат стандардите и има претставка против, нив имаме легитимно право да ги исклучиме, со забрана во следните 6 месеци повторно да конкурираат“ вели Синадиновска.
За целата анализа вклучувајќи ги мислењата на извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и на експертката по медиумско право Снежана Трпевска, одете на овој линк