Претставници на воените инвалиди заедно со претставници на членовите на семејствата на 54-те загинати припадници на поранешната ЈНА по потекло од тогашна СР Македонија, кои настрадаа во војните при распадот на СФР Југославија денеска во знак на почит и сеќавање ќе положат цвеќе на споменикот „Мајкино скршено крило“ во центарот на Скопје, пренесе МИА.
Настанот е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани.
На настанот ќе присуствуваат делегации на Претседателот на Републиката и на Владата, како и началникот на Генералштабот на АРСМ и градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар.