ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Економската соработка со Русија не е пречка за членство во ЕУ

Во однос на обидот за интензивирање на руските инвестиции во земјава и во исто време повикот од САД за економски санкции кон Русија, и во тој случај како треба да дејствува земјава, Пендаровски вели дека санкциите кон Руската Федерација можат да делуваат прилично негативно на македонската економија.

November 15, 2019 18:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања во врска со повикот на премиерот Зоран Заев руските бизнисмени да инвестираат во земјата и дали тоа би било одредена алтернатива на членството во ЕУ, рече дека е добро сите ние да упатуваме повик странските инвеститори да инвестираат овде, пренесе МИА.

„Тоа се две работи кои немаат врска една со друга. Добро е што упатил повик премиерот, сите ние треба да упатуваме повик до сите странски бизнисмени да инвестираат во нашата земја. Инвестирањето и евентуално денешно и идно на руските компании иако имаме и досега руски инвестиции не значи дека ние сме некомпатибилни со европското законодавство или дека тоа може да биде пречка за нашето приближување, преговарање, па утре и членство во ЕУ“, рече тој, одговарајќи на новинарски прашања на свеченоста по повод заклетвата на 23-та класа на питомци и слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери, и промоцијата на 19-та класа на питомци во чин потпоручник во Армијата.

Според него, Евроазиската економска унија е сосема друга работа и оти Србија потпиша неодамна и веќе има сигнали од Брисел дека тие две работи ЕУ преговори и членство утре задутре и Евроазиската унија не се компатибилни, бидејќи има правила во економските делови кои пропишуваат како треба да се однесувате уште како кандидат кој преговара на заедничкиот европски пазар.

„Правилата на евроазиската унија се други, а особено она што е неспорно од правен аспект, тоа го кажуваат сите правници во ЕУ, оној момент кога ќе станете членка на ЕУ, оваа транзициона ситуација додека преговараш и може да се толерира некако, меѓутоа кога ќе станеш членка на ЕУ и формално членка на заедничкиот европски пазар не смееше да бидеш во Евроазиската економска унија. Тоа нашите српски пријатели го знаат. Но, во меѓувреме решија така да го направат. Јас не мислам дека ние треба да аплицираме за членство во таа Евроазиска унија, но мислам дека треба уште поинтензивно да соработуваме на билатерална основа со сите држави во светот, вклучително и со членките на таа Унија“, рече Пендаровски.

Во однос на обидот за интензивирање на руските инвестиции во земјава и во исто време повикот од САД за економски санкции кон Русија, и во тој случај како треба да дејствува земјава, Пендаровски вели дека санкциите кон Руската Федерација можат да делуваат прилично негативно на македонската економија.

„Одлуката нашава држава да не воведе санкции по барањето на западната Алијанса каде што практично сите воведоа санкции кон Руската Федерација, е донесена пред неколку години, значи дури, оваа Влада и не само јас како претседател, тоа го затекнавме како ситуација. Примарните мотиви и резони зад таа одлука тогаш мислам дека држат и денес. Ние сме економија во развој, имаме крупни економски потешкотии, се мачиме да постигнеме повисоки стапки на раст, се уште го немаме консолидирано тој дел од нашето општество и мислам дека санкциите кон Руската Федерација можат да делуваат прилично негативно на македонската економија“, рече претседателот

Посочи дека додека не станеме полноправна членка и тогаш кога ќе мораме навистина комплетно да ги преземаме сите обврски од било која област, како што рече, не можеме да си дозволиме да го задржиме ова ниво на извоз пред се во одредени области кон Руската Федерација бидејќи тоа навистина помага за стабилизирање на нашиот Буџет.

„Кога ќе станеме членки на едната, а особено на другата организација на ЕУ која за разлика од НАТО има заеднички европски пазар мислам дека ќе немаме избор. Ама тоа е се уште далечна иднина“, истакна претседателот Стево Пендаровски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ние и Вие - рушење на стереотипите, невообичаен настан на Inner Wheel...

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk