Зоран Заев и СДСМ потценувајќи ја интелегенцијата на професорската и наставничката фела, секој месец им крати и им зема по 5.660 денари од нивната плата. Фактот е дека наместо Заев и СДСМ да зголемуваат 10%, тие на професорите и наставниците им кратат 5.660 денари односно за една година, им кратат околу 67.920, или приближно 1.100 евра“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаат коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%. Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари тогаш согласно закон и Колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев“, рече Арсовски.