ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Полугодишните оценки во 4-то, 5-то и 6-то одделение ќе бидат описни

Во досегашната пракса, описни оценки во евидентните листови на полугодие и во свидетелствата на крајот на учебната година, добиваа само учениците од прво до трето одделение.

November 15, 2019 15:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо бројчани, оценките што ќе ги имаат учениците во четврто, петто и во шесто одделение ќе бидат описни. Тоа значи дека наместо оценка во форма на бројка, секој ученик по секој предмет ќе добие напишан текст кој ќе го опише неговото постигање, знаење и умеење во текот на целото полугодие, пишува МЕТА.

Оваа пракса е сменета од оваа година откако е тоа предвидено со новиот Закон за основно образование, кој е на сила од септември годинава.

– Кога имаше јавна расправа за новиот закон, претставници на граѓанскиот сектор побараа да има описно оценување во четврто, петто и во шесто одделение. Ние ќе изготвиме упатство според кои на родителите ќе им биде кажано на која бројчена оценка одговара описната, за да знаат попрецизно како се оценети нивните деца. Она што останува исто е старото правило, на крајот на учебната година оценките да се со бројки – појаснува Оливер Станојоски од Бирото за развој на образованието.

Описното оценување е дополнителна обврска за наставниците, кои и онака постојано реагираат дека имата премногу административни задолженија кои мора законски да ги исполнуваат во текот на целата учебна година. Јаким Неделков, претседателот на  Синдикатот за образование, наука и култура вели дека засега нема реакции од наставници за новата дополнителна обврска.

Во досегашната пракса, описни оценки во евидентните листови на полугодие и во свидетелствата на крајот на учебната година, добиваа само учениците од прво до трето одделение.

Оценките што учениците од прво до шесто одделение кои ги добија на крајот на првото тримесечие, исто така се описни.

Next Post

Ременски потврди дека Обвинителството пронашло документи за злоупотреби кај нејзе дома

Најново

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk