ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Застарува делото на Бучковски за „Тенковските делови“

Бучковски не се согласува со одлуката на обвинителот да побара прекин на постапката поради апсолутна застареност на делото на денешното судење за предметот „Тенковски делови“ и побарал од судот да донесе ослободителна пресуда

November 15, 2019 22:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На поранешниот премиер Владо Бучковски му застарува делото во предметот „Тенковски делови“, објави денеска Коалицијата за правично судење, која го следеше овој судски процес, пренесе МИА.

– На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, соопшти Коалицијата за правично судење.

Според обвинението за „Тенковски делови”, Бучковски и поранешниот началник на ГШ на Армијата Методи Стамболиски во 2001 година ги злоупотребиле функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари.

Поранешниот премиер Владо Бучковски не се согласува со одлуката на обвинителот да побара прекин на постапката поради апсолутна застареност на делото на денешното судење за предметот „Тенковски делови“ и побарал од судот да донесе ослободителна пресуда. Бучковски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на резервни делови за армиските тенкови во 2001 година како министер за одбрана. Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не сакаат да го ставаат во ист кош со експремиерот Никола Груевски, кому во средата му застаре делото за „Траекторија“ за кинеските автопати.

„Неговиот случај за ’Траекторија‘ застари затоа што се даде во бегство, јас 13 години се борам за правда, а денес обвинителот го преквалификува делото и побара прекин на постапката пoвикувајќи се на апсолутна застареност! Јас не се согласив и побарав судот да донесе ослободителна пресуда!“, вели Бучковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Тројца загинаа во израелскиот напад врз иранската државна телевизија

June 17, 2025
Фото: Укринформ

(ВИДЕО) Најмалку 14 убиени во руски ракетен напад на Кијив

June 17, 2025
Фото: Скриншот

Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk