ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судството гласно за платите, молк за неефикасноста и застарувањето на предметите

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се ревносни во поддршката, така треба да реагираат и за застарените предмети и криминалот во своите редови

November 16, 2019 10:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се ревносни во поддршката, така треба да реагираат и за застарените предмети и криминалот во своите редови, пренесе МИА.

Жално е што не слушнавме став од сферата на судството за прашањата заради кои судството е со најниска доверба меѓу граѓаните. Очекувавме реакција и од судиите и од претседателите на судовите и од судската администрација за случаите за застарување на гонење во одредени судски постапки заради што криминалот останува неказнет. Очекуваме реакција и од судиите и од судската администрација за одредени сомневања за криминални дејства во нивните редови за кои не видовме кривично гонење и кривични постапки. На пример, видеоклипот што го виде целата јавност и се споделуваше на социјалните мрежи во кои се тргува со судски предмети од страна на вработен во судската администрација, изјави вчера Дескоска.

Таа ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да почне сериозна постапка за проверка на анкетните листови на судиите и на тој начин да се искористат постојните законски можности за ветинг во судството, но најави и сериозни разговори со Европската Унија за целосен ветинг на судството.

– Потребни се постапки со кои судството ќе се врати на листата на институции со доверба. За жал, гласот од редовите на судството го слушаме само тогаш кога станува збор за распределба на плати. Судството има најмалку легитимитет да зборува на оваа тема имајќи предвид што сè се направи со алоцирање средства во рамки на судството и имајќи ги предвид и резултатите од нивното работење, порача  Дескоска.

Јавна поддршка на протестот на судската администрација даде колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје.

– Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд Скопје за да им дадеме поддршка на судските службеници. Сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едни од највредните службеници генерално во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат, по разни основи, повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа, имаат многу работа и не гледам зошто не би ги поддржале. Не гледам проблем ниту во Судско буџетскиот совет и ние судиите и советот ги поддржува судските службеници во нивните барања. Очигледно е дека во минатото платите се зголемувани и таа тенденција треба да продолжи, изјави вчера претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Според Дескоска, Џолев, наместо да дава поддршка, треба да реагира за застарените предмети во неговиот суд.

– Јас искрено очекувам претседателот на Кривичниот суд во Скопје да излезе со протест, влијание врз своите колеги зошто некои судења не се закажуваат по три месеци, зошто застаруваат предмети во неговиот суд. Тоа се дилеми и прашања што ги поставува јавноста и за кои очекува одговор. Тоа се прашања што јавноста ја интересира. Инаку многу е лесно да протестирате и да му дадете поддршка на некој што протестира, рече Дескоска.

Гласноста во рамки на судството, како што оцени, треба да се слушне  за случаи како што е бегството на специјалецот Игор Спасов, а кои, потенцираше ги поткопуваат темелите на судството и на целокупниот правен систем.

-Не може да слушаме гласност за тоа како тие ќе си ги делат парите внатре, туку самите треба да бидат свесни за сопствената одговорност. Дали станува збор за судија, кој го пуштил, не го пуштила Управата или кој било од Министерството надвор, го пушта судија во судска постапка, рече Дескоска.

Поради застареност на делото поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, во средата беше ослободен од кривичниот прогон за предметот „Траекторија“ во кој беше обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ при изградбата на автопатиштата Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид. Судечкиот совет, по барање од адвокатот по службена должност, кој му беше одреден на Груевски, констатирал застареност на случајот поради истекот на шест години од стореното дело, а без правосилна пресуда.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК потврди дека немало судир на интереси кај Мицкоски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk