ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Предвреме родените бебиња – најголеми борци, стапката на смртност намалена на 12 проценти

Ресорниот министер Венко Филипче исто така нагласи дека покрај вложувањето во опрема, едукација на кадарот, класифицирањето на родилиштата и воведената работата по протоколи по светски стандарди која што отсуствувала во минатите години придонела за успех во третманот на прерано родените бебиња.

November 17, 2019 15:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на смртност на предвремено родени бебиња во државава е намалена двојно и изнесува 12 проценти на годишно ниво. За најголемите борци – предвреме родените во просек околу 600 бебиња во државава треба да се обезбедат најдобрите услови, со опрема и обучен кадар за да се изборат со ризикот од смртност и аномалии. Таква порака упатија надлежните институции денеска на свеченоста што се одржа на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, по повод Светскиот ден на предвреме родени бебиња – 17 ноември. Гости на клиниката беа 40 дечиња поранешни пациенти кои биле родени предвреме, кои се дружеа и забавуваа персоналот, со сопругите на претседателот и на премиерот Елизабета Георгиевска и Зорица Заева, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, естрадни ѕвезди, пренесе МИА.

Премиерот  Заев порача дека институците треба постојано да се ангажираат за да ја променат црната статистика и покрај резултатите што се постигнати. – Да им обезбедиме услови  на малите борци да ги добијат неопходните  услови во одделенијата за интензивна нега со соодветна топлина, поддршка за прихрана и основна грижа за инфекции и тешкотии во дишењето. Во развиените земји речиси сите овие бебиња преживуваат. Нашата намера е Северна Македонија да е една од тие земји. Имаме причина да веруваме дека сме на добар пат да го постигнеме тоа. Во 2016 година процентот на починати предвреме родени бебиња изнесуваше 25 проценти, во 2017 стапката се намали на 21, во 2018 изнесуваше 16 проценти, а годинава 12 проценти,  рече Заев.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска посочи дека бројките за преполовената смртност мотивираат да бидат уште повеќе посветени и да ги елиминираат сите ризици и причини за смртност на предвреме родените бебиња.- Владата обезбеди набавка на 25 инкубатори, со која значително се релаксира работата за персоналот, а уште поважно се обезбедија доволно современи инкубатори. Повеќе нема сместување на две бебиња во ист инкубатор со што  се спречија дополнителниот ризик од инфекции и другите компликации за здравствената состојба на предвреме родените бебиња, посочи Јовановска.

Како што информираше началничката на Одделението за интензивна нега и терапија при ГАК Елизабета Петковска, изминатите три години повеќе од половина е преполовена и стапката на преживување на новороденчиња. Ако пред три години починуваа 35 на 1 000 родени, сега е бројката е намалана на 16 новороденчиња на 1 000 живородени. Смртноста што ја имаме сега 80 проценти отпаѓа на новороденчиња под 28 гестациска недела и под 1 000 грама.

-Во изминатите две години е спроведена ефективна перинатална обука, со која првпат и гинеколозите и неонатолозите заедно научија да ги спроведуваат најновите протоколи во грижата на новороденче со експерти од Светската здравствена едукација. Меѓу останатото, во тек е набавка на три високофрекфентни апарати за механичка вентилација, а се спроведува едукацијата за таа намена. Не застануваме тука, воведуваме нови методологии и техники со цел да се намали смртноста  кај предвреме родените беиња, потенцираше Петковска.

Ресорниот министер Венко Филипче исто така нагласи дека покрај вложувањето во опрема, едукација на кадарот, класифицирањето на родилиштата и воведената работата по протоколи по светски стандарди која што отсуствувала во минатите години придонела за успех во третманот на прерано родените бебиња.

– Сегашните резултати се исклучително значајни. Да се намали смртноста на повеќе нивоа во однос на перинаталниот и ранонаталниот период навистина се гледа ретко. Ќе продолжиме да инвестираме и во човечкиот капитал, едукациите, зголемување на примањата на здравствените работници затоа што само добро стимулирани лекари и медицински сестри може да значи добар успех во работата, рече Филипче.

Клиниката за гинекологија и акушерство денеска доби и нов апарат за рано откривање аномалии со слух. Апел за потребата од рана детекција на аномалии на свеченоста упати средношколка која била предвреме родена, а на една година и е откриен проблем. По навремениот третман и операција таа сега функционира и комуницира добро и планира да стане дел од тимот на гинеколошката клиника.

Статистиката покажува дека милион од 15. милиони бебиња кои се раѓаат годишно во светот умираат  поради компликации од прдвреме во раѓање. Многу преживеани се соочуваат со живот на инвалидитет, вклучувајќи пречки, како во учењето, како и проблеми со видот и слухот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk