Зголемување на пример на средствата за социјална заштита за цели 140 милиони евра како што е предвидено во наредниот буџет, значи дека владата се подготвува, жртвувајќи ја иднината на економијата и дури и на развојот на земјата, од популистички побуди да ги поткупува гласачите, вели професор Трајко Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.