ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Долниот дом на француското Собрание неделава треба да го ратификува Протоколот за НАТО

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

November 18, 2019 09:37
in Uncategorized, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Долниот дом на францускиот Парламент се очекува по расправата да го ратификува Протоколот, откако претходно на 17 октомври тоа го стори Сенатот, пренесе МИА.

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Во образложението на предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, се наведува дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.

-Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидати и нивниот придонес за безбедноста на евроатланстката област, се додава во образложението.

Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки до Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но во Шпанија на 10 ноември се одржаа избори, а таму според процедурите новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
Премиерот Зоран Заев завчера од партиската трибина „На прав пат“, на СДСМ во Велес порача дека земјава ќе стане членка на НАТО до крајот на јануари.
Тој рече дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчес, кој му кажал дека брзо ќе формира влада по вонредните парламентарни избори на 10 ноември.
-Вчера имав прилика да зборувам со шпанскиот премиер. Шпанија бргу ќе формира Влада. Ќе имаме ратификација за НАТО која ја очекуваме. На крајот на ноември Франција исто така ќе го ратификува во парламентот, оти веќе Сенатот заврши. Така сите земји ќе ги ратификуваат протоколите. Верувам дека во јануари, на свечен начин, македонскиот парламент ќе ја направи последната ратификација, како 30. земја-членка. Со тоа ќе станеме земја-членка на НАТО“, истакна Заев.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вчера на трибината на Форумот на жени на СДСМ, насловена „20 години чекориме на патот на еднаквоста“ меѓудруготот порача дека токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров в среда во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет, кој ќе се одржи на ниво на министри за надворешни работи. Со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Првиот човек на Алијансата во интервју за Гласот на Америка минатата недела нагласи дека еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија од почетните 12, Алијансата станува сојуз од 30 земји.

– Еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија, од почетните 12, ќе станеме сојуз од 30 земји. Многу од нив се членки на ЕУ. Сетоа тоа значи дека стотини милиони луѓе веќе се придружија на демократијата и економскиот просперитет. Со тоа Европа станува пообединета и помирна од кога и да било претходно, нагласи Столтенберг.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, документот треба да биде ратификуван и во Собранието на Северна Македонија, со што земјата станува 30-та членка на НАТО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина новинарот Владимир Лапе

June 17, 2025

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk