ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мекалистер: ЕУ да ја поправи грешката со неотпочнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

Важно е ЕУ да ја поправи грешката што ја направи со тоа што не успеа да одреди датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави претседателот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер во интервју за Дојче Веле, истакнувајќи дека „стабилноста на Западен Балкан исто така значи и стабилност на цела Европа“

November 18, 2019 19:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Важно е ЕУ да ја поправи грешката што ја направи со тоа што не успеа да одреди датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави претседателот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер во интервју за Дојче Веле, истакнувајќи дека „стабилноста на Западен Балкан исто така значи и стабилност на цела Европа“, пренесе МИА.

Тој најавува дека на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што ќе се одржи на 20 и 21 ноември во Загреб, една од темите за кои ќе се расправа ќе биде и прашањето за перспективата на пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан, додавајќи дека ЕПП очекува Хрватска да игра важна улога за време на претседавањето со Унијата во првата половина на следната година.

– Тоа е во наш интерес. Добро е што Хрватска, во договор со Германија, која тогаш ќе претседава со Советот на Европската унија, ќе посвети посебно внимание на тој регион, изјави Мекалистер, додавајќи дека сите земји од Западен Балкан имаат отворена перспектива за членство во ЕУ.

Во интервјуто тој не сака да даде конкретен одговор на прашањето дали Хрватска може навистина да придонесе за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, со оглед на нејзината двојна улога во Босна и Херцеговина и заладените односи со Србија, што на крајот доведоа до откажување на доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на Конгресот на ЕПП.

– На Западен Балкан сè уште има нерешени прашања меѓу земјите од поранешна Југославија. Европската унија ја поддржува политика на регионално помирување и соработка, вели германскиот европратеник.

Тој додава дека има целосна доверба во хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој, според него, е „исклучително искусен во надворешната политика“ и кого „многу го цени“.

Мекалистер особено ја поздравува најавата на Хрватска, прашањето за проширувањето да биде една од главните теми на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската унија и тоа што следниот Самит Западен Балкан – ЕУ ќе се одржи во мај во Загреб.

Next Post

Османи: Новата методологија го раздвижува процесот на преговори

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk