Голем број новинари вчера протестираа во Витлеем поради повредувањето на нивни колега, при што тој го изгуби видот на едното око, пренесе МИА.
Палестинските новинари, како и новинари во неколку арапски држави, тврдат дека 35-годишниот палестински новинар Муат Амарнех бил повреден од израелските сили за време на минатонеделните демонстрации во Хеброн, Западен Брег. Новинарите кои протестираа на социјалните мрежи поставија фотографии со едно око покриено во знак на солидарност.
Израелските сили тврдат дека Амарнех не бил цел на нивиот напад, како и оти употребила само неубоити средства за време на протестот. При тоа објавија видео-снимка, за која тврдат дека на неа се гледа како новинарот стои зад група Палестинци кои фрлаат камења.
Амарнех е хоспитализиран во израелската болница Хадас во Ерусалим, а лекарите повредата на окото ја оценија како сериозна.