ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

4,2 милијарди луѓе во светот живеат без безбеден пристап до санитацијата

Во светски рамки 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, а 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете. Постигнување санитарни услови за сите до 2030 година – една од целите за одржлив развој 6, е целта на одбележувањето на Светскиот ден на тоалетите – 19 Ноември

November 19, 2019 13:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во светски рамки 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, а 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете. Постигнување санитарни услови за сите до 2030 година – една од целите за одржлив развој 6, е целта на одбележувањето на Светскиот ден на тоалетите – 19 Ноември, пренесе МИА.

Од НВО Новинари за човекови права посочуваат дека во своите напори да обезбеди правичен пристап до вода и санитација потсетуваат дека тоалетите спасуваат животи, бидејќи човечкиот отпад шири убиствени заболувања.

– Светскиот ден на тоалетите е инспиративна акција за справување со глобалната санитарна криза. И, да не заборавиме – тоалетот не е само тоалет. Тој е спасител на животи, заштитник на достоинството и создавач на можности. Кој и да сте, каде и да сте, санитарните услови се вашето основно човечко право. Македонија е високо на мапата на држави во кои имаме правичен пристап до вода и санитација. Но, да не заборавиме дека неопходно е уште многу работи да направиме ако сакаме да ја постигнеме Целта 6 од ЦОР, стои во соопштението.

Воедно, посочуваат дека кај нас се уште децата во училиштата во рурални средини немаат достоинствени услови во пристап до тоалетите, тие не ги задоволуваат стандардите на СЗО, најчесто не се чисти, немаат средства за лична хигиена (сапун, хартија) и нема соодветно селектирање на отпад.

– Нема ни едно училиште кое ги задоволува стандардите за менструална хигиена, за работниците на отворено нема пристап до тоалет, такси возачите се уште немаат пристап до тоалет. Во Скопје, и другите градови нема јавни тоалети (во Скопје има два и најчесто се затворени), наведуваат од Новинари за човекови права.

Во светски рамки, посочуваат, ситуацијата е многу под очекуваното ниво. Колку за илустрација – 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, повеќе од половина од глобалното население, 673 милиони луѓе сè уште практикуваат отворена дефекација ширум светот, несоодветната санитација се проценува дека предизвикува 432.000 смртни случаи на дијареја секоја година и е главен фактор за болести како што се цревни инфекции, трахома и шистозомијаза.

Се проценува дека 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете. Децата под пет годишна возраст кои живеат во земји погодени од долготраен конфликт, во просек, скоро 20 пати имаат поголема веројатност да умрат од дијарејални заболувања предизвикани од недостаток на безбедна вода, канализација и хигиена отколку оддиректно насилство.

Болестите поврзани со вода и канализација чини многу земји до пет проценти од БДП. Од Новинари за човекови права, псопчуваат дека во своите напрои да ја постигне Целта 6 од ЦОР и да ги потсети властите на потребата од овозможување правичен пристап до вода и санитација на сите нејзини граѓани спроведе Кампања насоцијалните мрежи за #достоинствентоалет.

Next Post

Пронајдени околу 100 килограми марихуана, приведен 66-годишен маж

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk