ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров во Брисел на подготвителен состанок за декемврискиот Самит на НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата

November 19, 2019 12:41
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Северноатлантскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, пренесе МИА.

Република Северна Македонија, која во моментов има статус на „поканета” земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања, соопшти Министерството за надворшни работи. 

– Предвидено е министерот Димитров во оваа прилика да ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес, се посочува во соопштението од МНР. 

На маргините на Состанокот, шефот на дипломатијата ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на Алијансата. 

Next Post

Од утре дожд, грмежи и засилен ветер

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk