ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан испраќа јасна порака за европската перспектива на регионот

Овој Министерски форум се одржува во исклучително важен период за Република Северна Македонија. Во изминатиот период решивме големи предизвици, чие решавање на сите им се чинеше невозможно. Успеавме, затоа што сите имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата држава и за нашите граѓани. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон ЕУ, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка

November 19, 2019 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овој Министерски форум се одржува во исклучително важен период за Република Северна Македонија. Во изминатиот период решивме големи предизвици, чие решавање на сите им се чинеше невозможно. Успеавме, затоа што сите имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата држава и за нашите граѓани. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон ЕУ, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Ова, како што соопшти МВР, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на отворањето на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Северна Македонија под покровителство на финското претседателство со Советот на ЕУ, а на кој  присуствуваат и еврокомесарите за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос и за правда – Вера Јоурова, потоа министрите за внатрешни работи и за правда на Финска, Марија Охисало и Ана Маја Хенриксон, како и претставници на Еврокомисијата, на Европскиот совет, на Еуроџаст, Европол, Венецијанската комисија и други. Од земјите од регионот учествуваат делегации од Србија, Албанија, Босна и Хрцеговина, Црна Гора и Косово, како и од нашата земја, како домаќини на министерскиот форум, пренесе МИА.

Изразувајќи го задоволството што нашата земја ја доби можноста да биде организатор на овој Форум, министерот Спасовски истакна дека самиот тој чин претставува испраќање на јасна порака за европската перспектива на регионот на Западен Балкан, како единствена алтернатива која ќе обезбеди мир, стабилност и просперитет на негови граѓани.

Тој се осврна и околу заедничките предизвици во областа на безбедноста, кои што единствено можат да се решат со заедничка соработка и цврсто партнерство со земјите од Европската Унија, изразувајќи го уверувањето дека дискусиите од денешниот Министерски форум ќе отворат нови перспективи за градење на заеднички одговор во справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и тероризмот, но и за  зацврстување на мостовите на соработка помеѓу државите од регионот.

Финската министерка за внатрешни работи ја потенцираше поддршката на Финска за регионот кој, вели, е од висока стратешка важност за Европската Унија.

– Заедно постигнавме многу во овие изминати години. Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ. Ќе продолжиме да работиме и да го поддржуваме Западен Балкан, односно европското соседство, рече еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Аврамопулос во воведното обраќање, упатувајќи благодарност на властите на земјава за одличната организација на овој важен Министерски форум.

Според него, ситуацијата со мигрантите во овој регион не е ни блиску до она што се случуваше во 2015 и 2016 година.

– Сепак, притисокот од мигрантите расте и затоа треба да останеме будни. Веќе докажавме дека сме посилни кога работиме заедно. Сите ја имате нашата поддршка, подвлече еврокомесарот Аврамопулос.

Предвидено е во трите работни сесии на Форумот денеска да се говори на темите поврзани со миграцијата, безбедноста на границите, соработката со Фронтекс, потоа околу заедничката борба против тероризмот и превенцијата од насилниот екстремизам, како и борбата против организираниот криминал, со посебен осцврт на трговијата со луѓе и шверцот на дрога и оружје. На форумот ќе бидат презентирани и приоритетите на делување во текот на идното хрватско претседавање со Советот на Европа, стои во соопштението.

Next Post

Моншален: Процесот на проширување на ЕУ каков што е сега не функционира

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk