ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Слободата е еден од темелите на здрава врска

Во таа смисла, во одреден миг партнерите ќе го постигнат и тоа заедно да уживаат во моментите на тишина, смета Мелина Карвер, исто така терапевт за љубовни врски.

November 20, 2019 11:30
in Uncategorized

Животот во двојка често подразбира компромиси, но има и нешта кои не треба да се жртвуваат во врската. Во прв ред тоа е слободата. Во здрава врска, како што препорачуваат стручните лица, би требало да можете да излезете сами и да уживате, а вашиот партнер да не биде загрижен или вознемирен. Посесивниот однос обично е показател на несигурност.

Првиот чекор да се надмине тоа, е минување повеќе време со партнерот/ката. Така се постигнува повисок степен на тоа обајцата да ги гледаат и слушаат нештата на ист или сличен начин, и тие побрзо се вљубуваат еден во друг.

– Ако постојано „расправате и преговарате“ околу тоа колку често сакате да бидете заедно, тоа не е добар знак. Тоа укажува дека различно гледате на тоа каква треба да биде вашата врска. Некој од вас се труди работите да бидат посериозни, а другиот сака сè тоа да биде поопуштено. И двете гледишта се в ред, но оваа разлика може да предизвика проблеми, објаснува психотаревтката Ејми Харстин.

Вториот чекор е добра комуникација која ве поврзува со партнерот и е основен дел од здравиот однос. Кога имаат позитивна емотивна врска со партнерот, обајцата се чувствуваат безбедно и среќно. Кога луѓето не комуницираат добро, тие престануваат и добро да се однесуваат еден со друг, што може да ја раскине врската. Можеби звучи банално, но додека комуницирате ги решавате сите проблеми со кои се соочувате.

Во таа смисла, во одреден миг партнерите ќе го постигнат и тоа заедно да уживаат во моментите на тишина, смета Мелина Карвер, исто така терапевт за љубовни врски.

Одржувањето на физичката интимност е исто така многу важно за градење здрава врска. Иако сексот е основа за добра врска, тоа не треба да биде единствената физичка блискост меѓу партнерите. Честите нежни допири, како што е држење за раце, прегратки, бакнување се исто толку важни.

Научете да земате и да давате во врската. Ако очекувате да го добиете она што го сакате во врска 100 отсто од времето, ризикувате да бидете разочарани. Здравите односи се градат со компромиси. Би требало да се знае што е важно за другиот и да работите на тоа. Важно е да ги препознаете вашите желби и потреби.

Исто така, треба да се биде подготвен за подеми и падови што се случуваат во секоја врска. Понекогаш вашиот партнер можеби се бори со проблем што го / ја вознемирува, како што е смрт на близок член на семејството, губење работа или сериозни здравствени проблеми, што може да влијае на врската и да го отежне односот. Луѓето различно се справуваат со стресот – секој на свој начин. Затоа е многу важно недоразбирањата да не се претвораат во фрустрации, бес, лутина и караница.

Извор: МИА

Next Post

Дали првиот човек кој го посети Груевски во Будимпешта пренесува пораки поврзани со судски предмети ?!

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk