ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска – Тао Жанг: Сузбивање на сивата економија преку дигитализација на институциите

Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени.

November 21, 2019 12:48
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност, пренесе МИА.

Ова, како што соопштуваат од Министерството за финансии, се дел од темите што беа дискустирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, што се одржа во Скопје, а на која присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

На средбата беа поздравени напорите кои земјата ги прави во покачувањето на фискалната транспарентност, како платформата „Отворени финансии“, која беше пуштена вчера и со која на јавноста и се ставаат на увид сите исплати од трезорот на државата. Исто така, беше изразена поддршка за идеите и мерките во насока на намалување на сивата економија.

Од страна на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е истакнато дека Фондот и Република Северна Македонија имаат партнерски однос и дека и тие се отворени и за добивање, а не само за давање на препораки и сугестии.

Меѓународниот монетарен фонд, во завршната изјава од неодамнешната редовна мисија во земјава посочи дека преку реформите за сузбивање на сивата економија ќе се помогне во подобрување на деловната клима во земјата и ќе се заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени.

Во соопштенето се наведува дека согласно последните оценки на ММФ, изгледите за раст на македонската економија се покачени. Се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на оваа година, додека преку пониските даноци и повисоките пензии и плати, се очекува да бидат дополнителен стимул за потрошувачката, што ќе резултира со уште посилен раст догодина.

Next Post

Казна од 500 евра за сопственик кој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk