ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

ФЗО: Зголемена потрошувачката на антибиотици, се пропишувале на рецепт со поширок спектар на делување

Најкористен антибиотик во примарната здравствена заштита, како што се истакнува, е Аmoxicillin+clavulanic acid, а во болничката здравствена заштита тоа е Ceftriaxon.

November 21, 2019 00:08
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Потрошувачката на антибиотици во државава во 2018 година се проценува во ранг од 30 до 35 дефинирани дневни дози на 1.000 жители на ден, што споредено со европскиот просек кој изнесува 20,1 дефинирани дневни дози на 1.000 корисници на ден јасно покажува дека е потребна сериозна борба со антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици. Од редовните анализи за 2018 година може да се забележи дека биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици. Се пропишувале антибиотици на рецепт со поширок спектар на делување, со што се зголемува ризикот од појава на резистентни соеви на бактерии, соопшти Фондот за здравствено осигурување, пренесе МИА.

Од Фондот апелираат на рационално користење лекови, врз основа на медицина базирана на докази, истовремено подигнувајќи ја свеста и кај осигурениците да ги почитуваат советите на лекарите и фармацевтите во однос на користењето на антибиотиците.

Потрошувачката на антибиотици на товар на Фондот за 2018 година во примарната здравствена заштита, како што се посочува, достигна околу 17 дневни дефинирани дози на 1.000 осигуреници на ден, сметано според новите АТЦ ДДД индекси за лекови определени од Светската здравствена организација.

Од Фондот наведуваат дека ги имаат само податоците за потрошувачката на антибиотици на рецепт кои се на позитивната листа, но, дека бројката на потрошувачка на антибиотици е поголема, бидејќи има регистрирани антибиотици кои се продаваат комерцијално, односно не се на позитивната листа, за нив немаат податоци.

– Од редовните анализи на Фондот за здравствено осигурување за 2018 година, може да се забележи дека биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици, со вкупен износ од 295 милиони денари. Бројот на рецептите за антибиотици во однос на 2017 година е намален за два отсто, но сепак загрижува податокот дека за 14 отсто е зголемен бројот на рецепти за антибиотици од подгрупата Макролиди, за два отсто е зголемен бројот на реализирани рецепти за Беталактамски–пеницилински антибиотици и исто за отсто има зголемување за Цефалоспоринските антибиотици од втората генерација, соопштија од Фондот.

Најкористен антибиотик во примарната здравствена заштита, како што се истакнува, е Аmoxicillin+clavulanic acid, а во болничката здравствена заштита тоа е Ceftriaxon.

– Тоа значи дека се пропишувале антибиотици на рецепт со поширок спектар на делување, со што се зголемува ризикот од појава на резистентни соеви на бактерии. Фондот за здравствено осигурување активно ја поддржува и годинава учествува во националната кампања за подигнување на јавната свест за правилно користење на антибиотиците, во рамките на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците со цел зачувување на нивната особена тераписка важност и вредност како лекови кои спасуваат животи, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Волстрит џурнал: Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од објавување наредба

June 19, 2025
фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk