ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Казна од 500 евра за сопственик кој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава.

November 21, 2019 13:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Несовесен сопственик кој го напуштил своето куче заработи казна од 500 евра во денарска противвредност. Тој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња кои биле нејзин подмладок, а пред инспекциските служби потврдил дека е сопственикот, информмираат од АХВ.

Казната му е изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и е најверојатно прва во земјава. За случајот информираа и од АХВ. -Во конкретниот случај, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните, која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава.

По пронаоѓањето, кучката која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени – информираат од агенцијата.

Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ.

За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици.

Next Post

Пендаровски: Да се инвестира во образованието за подигнување на свеста за климатските промени

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk